За енергија до 2020 г. ќе се заштедат 1,2 милијарди евра

Bez autora
Jun 10 2010

Со Стратегијата за енергетска ефикасност преку инвестиции од 522 милиони евра до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе се намали емисијата на јаглен двооксид за 66 килотони. Ова е предвидено во Стратегијата за енергетска ефикасност на Р М до 2020 годинаа за која вчера се одржа уште една стручна јавна расправа. Министерот за економија, Фатмир Бесими, истакна дека во моментов во Македонија енергетската ефикасност, мерена според БДП, е четири пати помала од енергетската ефикасност на Европската унија. Во моментов во ЕУ на 1.000 долари БДП се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а кај нас 0,75. Со имплементација на мерките од оваа Стратегија, тоа би требало да се сведе на 0,45 до 0,49 еквивалентни тони енергија во 2020 година. Според него, до 2018 година треба да се зголеми енергетската ефикасност за 9 проценти, а до 2020 - за 15 проценти.

За енергија до 2020 г. ќе се заштедат 1,2 милијарди евраСо Стратегијата за енергетска ефикасност преку инвестиции од 522 милиони евра до 2020 година ќе заштеди 1,2 милијарди евра за енергија и ќе се намали емисијата на јаглен двооксид за 66 килотони.

Ова е предвидено во Стратегијата за енергетска ефикасност на Р М до 2020 годинаа за која вчера се одржа уште една стручна јавна расправа. Министерот за економија, Фатмир Бесими, истакна дека во моментов во Македонија енергетската ефикасност, мерена според БДП, е четири пати помала од енергетската ефикасност на Европската унија.

-Во моментов во ЕУ на 1.000 долари БДП се троши 0,2 еквивалентни тони енергија, а кај нас 0,75. Со имплементација на мерките од оваа Стратегија, тоа би требало да се сведе на 0,45 до 0,49 еквивалентни тони енергија во 2020 година - рече Бесими.

Според него, до 2018 година треба да се зголеми енергетската ефикасност за 9 проценти, а до 2020 - за 15 проценти.

-Тоа би значело заштеди од 14,5 отсто, односно 24 отсто за резиденцијалниот сектор, 12 проценти во комерцијалниот, 38 отсто во индустријата и заштеди од 25 отсто во транспортот. За тоа е неопходна инвестиција од 522 милиони евра до 2020 година во сите сектори, вклучитено и приватниот - рече Бесими и додаде дека со тоа ќе се постигне заштита од 1,2 милијарди евра во енергија.

Во моментов, како што напомена министерот Бесими, Владата спроведува проекти за зголемување на енергетската ефикасност во јавните установи, како образовните и здравствените институции, а во наредната фаза во 2011година тоа ќе се прави и за резиденцијалните објекти. Приватните компании сами ќе треба да инвестираат во подобрувањето на енергетската ефикасност кои подоцна ќе им донесат бенефити, додека државата ќе треба да воспостави правна рамка која ќе го овозможи имплементирањето на мерките.

Граѓаните на Македонија веќе ги разбираат бенефитите од вложувањето во подобрувањето на енергетската ефикасност и инвестираат во нови прозорци, подобра изолација на становите и купување на електрични апарати кои малку трошат електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik